Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 февруари 2017
Штрајкот на железничарите продолжува а патниците од велешко и натаму без возови, најчесто до Скопје. Ова посебно ги погодува вработените, студентите и учениците кои патуваат до главниот град.
Наместо со воз сега го користиме автобускиот превоз. Но понеденички таму имаше гужва, оти сега сите се префрлија нa автобуска. Автобусите полни така што требаше време да се дојде на ред за билет – велат патници кои денес мораше да заминат за Скопје.
Ако претходните години имаше до 500 месечни билети за железница, сега бројката е драстично намалена, само стотина. Лошата комуникација, проблемите кои се јавуваат кaj возовите, го намали интересот на велешани да патуваат со месечен билет до Скопје. Сега користат 10 дневен, за да ги намалат трошоците.
Никогаш не е извесно со воз дали и кога ќе стигнам до Скопје, затоа се одлучив на ова варијанта. Зимава се покажа дека сум посебно во право - вели друг патника од Велес.
Но за жителите од Чашка, Богомила и станиците по пат - Ореше, Согле, Теово, нема можност да се патува со друго освен со воз. Тој им е единствената врска со светот. За на работа и до Велес и до Скопје мораат со воз.
Се снаоѓаме, но тешко е, на работа не прашуваат како стигнавме, но треба на време. Многу скапо не чини овој штрајк – вели жител од Богомила.
И додека патниците мака мачат да стигнат до посакуваната дестинација со воз, железничарите и натаму ја чекаат платата за декември.
Tweet |