речник контакт

Војна... ама на Криволак

ТРМР ви донесува ексклузивна репортажа од воената вежба на питомците на воените академии од регионот, изведена деновиве на Криволак

Петар Печков

Бунтовниците нападнаа воен конвој, земаа заложници и хуманитарна помош,   зазедоа цела населба по што мораше да интервенираат воените сили. Поради ова дојде и до судир меѓу двете страни, по што  бунтовниците се повлекоа, но по акцијата на војската тие беа откриени и уапсени, заложниците и селото ослободени.

Ова  не е извештај од воено огниште, туку беше дел од воената вежба која деновиве се случуваше на полигонот Криволак. Иако вежба,  имаше пукотници, лажни бомби и висок адреналин кај присутните.  Под будно око на бројните  гости – старешини од НАТО , министрите на Македонија и Косово, двестотини  млади питомци од регионот, од Македонија, Црна Гора, Бугарија, Косово и Турција десет дена работеа на полигонот Криволак. Тие наученото го презентираа во полна воена опрема, на пеколни 40 степени целзиусови  за што добија пофалби и високи оценки.

Операцијата која се изведуваше беше  решавање на пост конфликтна ситуација, жива акција која се изведуваше на теренот заедно од  питомци и студенти од воените академии од регионот и цивилните  факултетите од  Македонија. Воена операција беше  земање заложници, соработка  на воените со цивилните структури, преговори и борбени  операции за воспоставување контрола на теренот  - рече Методиј Хаџи Јанев потполковник во АРМ. 

Десет дена вежбовна активност придонесоа квалитетите на воените питомци од регионот да ги покажат на дело. Учесници беа студенти од воените школи од Македонија,Бугарија, Косово, Турција, Црна Гора, од  Европски факултет, ФОН, Факултетот за безбедност, Правниот факултет од Штип а предавачи воени старешини од регионот  и од Словенија, Норвешка, Германија. Оваа вежба беше огледало за целата  напорна летна работа на овие млади луѓе.

Оваа вежба е предизвик за нас но и можност  да се види дека успешноста на современото војување зависи од меѓународната соработка од повеќе земји. Научивме и работи од воено-цивилната соработка – рече велешанката Маја Лазарова  која заедно со нејзините колеги од военото возило ,,хермелин,, ги ослободи заробениците. Таа е студентка од Воената академија ,,Михаило Апостолски ,,од Скопје, која учествувала и на ланскиот кампус. Со покажаното знаење и умешност на оваа вежба се истакнал скопјанецот Бојан Ванчовски.

Се што научивме тука, дава нов поглед на мисиите во иднината, кои ќе бидат спроведени од Обединетите Нации. Во нив главен збор ќе имаат цивилните мисии  а се однесуваат за  реконструкциите и градењето на општеството. На овој кампус дознавме повеќе за воената структура која не е доближена до цивилното општество   - вели Бојан Ванчевски од Факултетот за безбедност.  На овој летен камп беа ставени на тест нивните интелектуални способности а  воената вежбата беше круна на сите знаења, теоретското  и праксата. Меѓу учесниците беа и шестмина црногорци, кои со меѓудржавен договор студираат на македонската воена академија, бидејќи во Црна Гора нема.
    
  Криволак за три години доби нов лик

Министерот за одбрана Коњановски вели дека трите работи кои се зацртале  за осовременување на армијата биле реализирани. Посебно што за овие неколку години воениот полигон Криволак добил нов лик, нови 12 содржини, куќа за пукање, авганистанско, африканско македонско село, АБХУ полигон, полигони за различни гаѓања, нови сместувачки капацитети

Едукација  на припадниците на армијата,  осовременување на обуката и меѓународната соработка ,тоа беа моите цели кој за овој период ги остваривме.  Полигонот Криволак  за три години израсна во голем центар, изградивме многу објекти, доби современ лик. Со вакви летни кампуси на студентите од регионот, полесно се разбираме  и тие не обединуваат, но полесно се претставувавме пред НАТО- рече Зоран Коњановски министер за одбрана. 
      
Посебни мерки за безбедност на министерот на Косово

  За прв пат питомци од Косово учествуваат на ваков настан на една ваква воена вежбовна активност , убава можност нашите питомци се запознаат со нивните колеги до регионот. Повеќе нации една мисија  тоа е мотото за нас и сакаме регионална соработка иако нашите капацитети ен се доволно развиени – Агим Чеку министер за одбрана на Косово.

Поради неговото доаѓање  на оваа вежба  имаше забележително присуство на воена полиција и обезбедување на автопатот,  се до  воениот полигон Криволак. Тој како поранешен припадник на ЈНА за дел до учениците питомци рече дека се ,,гуштери,,  тогашен израз за  новаците во редовите на војската.
    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »