речник контакт

Давев победник на државниот натпревар во сообраќај

Во категоријата за велосипедисти Давев победи и награда доби велосипед. Тој е ученик во Средното училиште Јовче Тесличков

Петар Печков

На 18-ти и 19-ти мај се одржаа регионалните и државниот натпревар во сообраќај, организирани од страна на РСБСП ( Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата), на којшто учество зема средношколците и основците.  

Велешанецот Ѓоре Давев ( 17 год)   ученик во средното Економско училиште ,,Јовче Тесличков,, од Велес  го освои  првото место, златната медалја и пехарот за најдобар во категоријата  велосипедисти  средношколци.  Претходно тој на регионалниот натпревар во Кавадарци беше втор, со што се здоби со право да учествува на завршниот дел, кој се одржа  во средното училиште ,,Васил Антевски Дрен ,, во Скопје. 

Натпреварот имал  два дела - возење низ препреки на полигонот и  втори дел  теорија и знаење со решавање на тестови. Давев како награда за првото место добил велосипед.  На Државниот натпревар во сообраќај имало натпревар за средношколци за  управување мопеди, и за основци за возење велосипед.

Учествувале околу 30-тина  ученици кои претходно ги минале општинските и регионални филтри. ОСУ„Јовче Тесличков“ на државниот натпревар  го освои второто место а екипата се состоела од двајца натпреварувачи од нивното училиште  и еден натпреварувач од Кавадарци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »