речник контакт

Запленета еден километар рибарска мрежа

По сопствениците на мрежата се трага. Доколку мрежите останеле, ќе се нанела голема штета на рибниот фонд во езерото и нејзиниот подмладок

Петар Печков

 Во саботата вечерта на велешкото езеро Младост чуварската служба на ЗСР ,,Бабуна,, од Велес заедно со полицијата пронашла четири рибарски мрежи во должина од еден километар. 

Откако  телефонски ни се јавија граѓани дека во езерото се наместени мрежи, нашата чуварска служба заедно со СВР Велес, беа на лице место и пронајдоа  четири мрежи во должина од еден километар. Истите се запленети, но сопствениците не се знаат. Од овој чин можело да се нанесе огромна штета на рибниот фонд на езерото Младост – изјави Звонко Мечалов претседател на ЗСР Бабуна од Велес.

Тие изминатите неколку месеци фатиле и други несовесни рибокрадци, кои на нечесен начин ловат риба. Против нив имало поднесени кривични и прекршочни пријави. Од ЗСР апелираат, дека во тек е забрана на риболов во Вардар, Тополка и Бабуна, да не се фаќа рибата и ако некој види дека други се служат со вакви средства, да им јават, па заедно со полицијата и инспекторатот за  рибарство, да се откријат сторителите. Во овие течни води во тек е мрестот на рибата, поради што до 15 мај е забрането нејзино ловење, заради заштита на рибниот фонд и нејзиниот подмлaдок.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »