речник контакт

И пиперката дава парче леб, ама е корав

Со ќумбиња и светики се грее расадот а се работи 24 часа, 12 во пластеник, 12 се дежура. Така работат 70 отсто од градинарите во Градско кои одгледуваат раноградинарски култури

Петар Печков

Семејството Трајкови од населба Градско започна од средината на декември со подготовка на расадот на пипер, за првите парчиња да ги  набере во средината на мај. Пет месеци тие макотрпно работат по цело деноноќие, за да можат резултатите од нивното вложување да ги добијат по половина година.  Работат 24 часа, 12 се со пиперот а вторите 12 дежураат за да  ја  одржат ова раноградинарска култура. Во малите тесни пластеници, кои тие ги нарекуваат тунел,  има десетици илјади парчиња на млад пипер. За да го одгледаат користат ќумбиња или светилки со кои ги загреваат

Седумдесет отсто од градинарите  во Градско кои одгледуваат пипер, работат вака, екстензивно. Толку ни се можностите, има некои и со парно, но повеќето сме вака со ќумбиња, со греење. Ако  до пред  некоја година  нафтата беше 30 денари а пиперот 80 за кило, сега е обратно, нафтата е 80 а пиперот дојде на 30 денари . А колку мака и труд вложуваме. Ноќе не спиеме да не се успиеме,д а ги наложиме ќумбињата. Оти утринските ниски температури се најлоши,тие можат целиот труд за еден час да го изѕемнат и се да отиде неврат – вели Драган Трајков, глава на четиричленото семејство, каде сите се посветени и живеат од ова градинарска култура.

Дури и неговата сопруга, шеесетгодишната Елица е во пластеникот, неуморно работ, поднаведната, помага да се расадат 50-те илјади парчиња на пипер. И таа и сопругот имаат по четири операции, но и покрај се, се под фолиите.

Мачно е, многу е тешко, но мора да се работи и живее. Еднаш со децата  и со мажот не отидовме на одмор. Цел живот тука го минавме. На Рацин песната  ,,стани си утро порано, дојди си вечер подоцна,, е таа е нашата, земјоделската работа. Работиме се исто, како секоја година а пари се помалку – вели Елица.

Ги школувале синовите завршеле средно во Велс, но останале да работа земја. Драган технолошки вишок од железница од 2005-та преку пиперот го живеат мачниот земјоделски живот. Постариот Трајче е регистриран земјоделец.

  Започнавме со годинашната работа околу 15-ти декември. Тогаш го посеавме семето, кое е наше, оти се случувало од искуство да купиме странско, но да е неквалитетно. Вака е проверено. Тоа расте под температурата од светилките, ламбите, еден месец. Има термостат од печка и ако се случи да биде пониска од 20 степени, тие се вклучуваат сами. Ноќе заради заштита ги покриваме со ред најлон, ред рогозина, ред слама. Овој период го викаме мајка. Потоа парче по парче,  ги пресадуваме во друг расадник  - вели Трајче Трајков.

Така секојдневно овие три седмици ќе пресадат околу 50 илјади парчиња расад од млад пипер. Очекуваат дека ако се биде во ред годинава да наберат до 30 тони пипер. Првите парчиња се надеваат дека ќе ги наберат во средината на мај а ќе имаат можност да собираат род до крајот на август, средината на септември.

Со раноградинарство семејството се бавиме последните десет години. Го работиме во позаостанати услови. Нашето производство е врзано, од семка до нива и род. Грееме на примитивен начин, со ќумци и струк. Освен што семето сами го произведуваме, дури и земјата со вештачко ѓубре сами ја средуваме. Како пиперот расте, така растат и нашите обврски. Кога г палиме ќумбињата првата смена е од 6 попладне до полноќ а втората од полноќ до утро  до 8. Знае да се случи и на нива, ако има утрински мразеви да се уништи дел од родот. Не е ова лозарство, овоштарство да се работи со трактор, се се работи рачно   – вели Благојче Трајков.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »