Петар Печков
Објавено: четврток, 13 јули 2017
И додека одгледувачите на пченица имаат проблеми со откупот, цената на ова култура, од друга страна и покрај добрата цена, гарантираниот откуп, сончогледот го нема по македонските полиња.
Велешка Маслодајна, како најголем производител на масло за јадење во земјава мака мачи да обезбеди сончоглед за преработка. Проценките годинава се дека има околу 4 илјади хектари површина засеани со сончоглед, ќе се откупат и соберат 6 илјади тони.
Откупот е по берзански цени, најмалку 18 денари за килограм, плус ДДВ и за некои поголеми производители платен и превоз. За дел од одгледувачите со кои имаме потпишано договор имаме обезбедено и семенски материјал. И покрај добите цени и редовната исплата на откупот, земјоделците тешко ја враќаат оваа култура по македонските полиња – велат од Прехранбената индустрија ,,Благој Ѓорев ,, од Велес.
Изминативе години веднаш по предавањето на родот, производителите беа исплатувани. Но и покрај ваквата редовност во исплатата, добрата цена, одгледувачите тешко се решаваат да засеат сончоглед.
За илустрација во најдобрите години по македонските полиња имало род тежок и 40 илјади тони. Поради ова Македонија, односно производителите се увозно зависни, најголемиот дел од сончогледот, потребен за производство на масло за јадење, се увезува од Србија, Украина, Бугарија.
Цената на литар масло за јадење, три години е позиционирана околу 60 денари за литар.
Tweet |