речник контакт

Како се пресметува денот на обележувањето на Велигден

Догодина ќе биде на 15 април, во 2013 на 5-ти мај а во 2016 ќе се слави заедно со 1- ви мај

Петар Печков

Бидејќи Велигден во разни цркви се празнувал на разни датуми царот Константин го свикал во 325 година Првиот собир во Никеја на кој се расправало по ова прашање и се донесени некои решенија. Но правилата по кои денес се одредува датумот на кој се паѓа  Велигден се дефинирани дури во 526 година.

Според овие правила Велигден е секогаш по пролетната рамно дневница во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела но не смее да се совпадне со денот кога Евреите го празнуваат Пасха, ниту да биде пред него. Ако е пред Пасха Велигден се одлага за првата недела по следната полна месечина, а ако се совпаднат во ист ден се одлага за следната недела. Значи Велигден може да се падне на 35 датуми од 4-ти  април  до 8-ми мај што значи два дена по Ѓурѓовден.

За илустрација следната година Велигден ќе биде на 15 април, во 2013 замислете на 5-ти мај!!??  А во 2014, повторно ќе го слават сите христијани  заедно на 20 април, пак заедно на 16 април 2017. Во 2016  Велигден и 1-ви мај  ќе бидат заедно.. За натаму да бидеме здрави и живи...

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »