речник контакт

Каков воздух дишеме, во време на смог, не е познато

Мерните апаратури на Министерството за животна средина не работат, резултатите од Центарот за Јавно здравје доаѓаат по два месеци

Петар Печков

Мерните станици на Министерството за жиовотна средина во Велес  кои покажуваат каков е квалитетот на воздухот, не се во функција.  Од јули месец  дел од вредностите што се мерат, нема резултати. За ноември и декември нема целосно. Така  час на едното мерно место во Нова Населба кај детската градинка, час кај второто мерно место графиконите се празни. Ова можат да се уверат и  велешани ако отидат на интернет страницата на општина Велес, каде се објавуваат вредностите или на страницта на Министерството за животна средина каде резултати не постојат.

Така граѓаните немаат увид за загаденоста иако во тек е грејната сезона, а смогот и маглата не гушат со недели. Министерот за животна средина Адеми тврди дека набргу мерните станици набргу  ќе проработат. Проблем било нивното одржување. Адеми нема информација каков воздух дишеме од стартот на грејната сезона, но и по маглата и смогот кој го има.  Недостапно е и преку интернет страницата  да се добие прецизна информација за квалитетот на амбиенталниот воздух во  Велес.

Вредностите пак од Центарот за јавно здравје во Велес кој ги мери вредностите за квалитетот на воздухот се добиваат после најмалку два месеци. Така оваа есен и зима, велешани не знаат какво воздух дишеме.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »