Петар Печков
Објавено: четврток, 31 јануари 2019
Средата попладне екипи на МЖ Инфраструктура ја отстраниле капрата близу Железничка станица Рајко по што железничкиот сообраќај е нормализиран. Поради тоа што при излетувањето на локомотивата оштетена е електро инфраструктурата, сообраќајот помеѓу железничките станици Велес и Скопје се одвива со дизел машини.
Поради тоа има времени промени во возниот ред. Не сообраќаат патничките возови од Скопје за Велес кои тргнуваат во 6,11ч наутро и навечер во 22,33ч. Од Велес за Скопје не сообраќа возот во 5,03 ч.
Возовите од Гевгелија ќе сообраќаат до Велес со електро машини додека од Велес до Скопје со дизел и во согласност со расположливите капацитети на МЖ и со одредени промени за кој можете да се информирате во МЖ.
При излетувањето на локомотивата, направена е голема материјална штета на инфраструктурните постројки, пругата, колосеците, електричните столбови, сигнализација, контактна мрежа и оптичкиот кабел.
тел инфо жел. станица Велес 075/281-972
Tweet |