Петар Печков
Објавено: среда, 23 ноември 2011
Предлогот на предлагачот-доверител Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги ЦЕНТАР-БЈ увоз-извоз Прилеп за отворање на стечајна постапка над имотот на стечајниот должник КИРО ЌУЧУК АД за производство и промет со градежни материјали со седиште Велес е повлечен.
Предлагачот-доверител Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги ЦЕНТАР-БЈ увоз-извоз Прилеп на ден 18.05.2011 година до Основниот суд Велес поднел предлог за отворање на стечајна постапка над имотот на стечајниот должник КИРО ЌУЧУК АД за производство и промет со градежни материјали Велес со седиште.
Со писмено известување од предлагачот-доверител примено во судот на 28.09.2011 година тоа го известил судот дека предлогот го повлекува. По ова судот донел решение со кое предлогот за отворање на стечајна постапка над имотот на должникот КИРО ЌУЧУК АД за производство и промет со градежни материјали Велес со седиште , го констатира за повлечен согласно чл.52 ст.1 од Законот за стечај.
Оваа информација ја потврдија и од Основниот суд во Велес.
Ова е втор пат во последните пет години како АД Киро Ќучук се спасува до отворање на стечај. Претходно тоа беше по барање на УЈП, но на денот на рочиштето , исто како и во овој случај, без објаснување е повлечено.
Tweet |