Петар Печков
Објавено: петок, 24 февруари 2012
Наместо да навиваат во четири случаи лани навивачите предизвикале сериозни инцидеенти поради кои морала да интервенира полицијата. Според нивната документација во текот на 2011 година регистрирани се четири сериозни нарушување за време на спортски натпревари, кога навивачите дивееле и тоа:
17.04.2011 во с. Башино Село на фудбалски натпревар
помеѓу ФК Илинден и ФК Партизан тепачка помеѓу играчите и влегување на навивачи на теренот,
11.05.2011. во салата Блаже Конески нарушен ЈРМ на одбојкарски натпревар натпревар помеѓу ОК Борец и ОК Шкендија фрлање на предмети на теренот и влегување на навивачи на теренот,
26.11.2011 во СРЦ Гемиџии нарушен ЈРМ на ракометен натпревар помеѓу РК Борец и РК Куманово напад над судијата и влегување на навивачи на теренот,
11.12.2011 во населба Превалец нарушен ЈРМ на фудбалски
натпревар помеѓу ФК Превалец и ФК Црна Река тепачка помеѓу играчите и влегување на навивачи на теренот,
Случаите се документирани и расветлени а против сторителите поднесени се соодветни пријави по Законот за спречување насилство на спортски натпревари и по ЗППЈРМ. Во 2010-тата биле поднесени четири прекршочни пријави.
Tweet |