речник контакт

Лозово со градоначалник од СДСМ, Чашка и Градско втор круг

Во Чашка и Градско победи листата на советници предводена од коалицијата на СДСМ, во Лозово на ВМРО-ДПМНЕ

Петар Печков

Според официјалните  но не и конечни податоци  на ДИК за соседите општини Лозово има нов градоначалник и тоа од редовите  на СДСМ, додека во Чашка и  Градско ќе  има втор  круг. И таму кандидатите на СДСМ се во водство, но немаат 50% плус еден  глас од излезените, не го исполнуваат цензусот, па затоа ќе се одржи втор круг за градоначалник, на 29-ти октомври.   

Во Општина Лозово нов градоначалник е Ацо Велковски од СДСМ со 910 гласа или 55,18%, пред Јордан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 540 гласа – 32,75% а трет е Горјан  Иванов  од народното движење за Македонија со  96 гласа -6%. Податоците се од сите 9 избирачки места. Во Оваа Општина право на глас имале 2.07 граѓани а гласале 1.649 што е 79,74%.Регистрирани се 103  неважечки ливчиња.

Во Општина Лозово на листата за советници најмногу гласови доби коалицијата ВМРО-ДПМНЕ со  36,39% или 600 гласа, втора е коалицијата на СДСМ со 503 гласа – 30,50%. Следат Движење за национално единство на Турците  со 219 гласа – 13,28% и Народното движење за Македонија со  157 гласа- 9,52%.Има регистрирани 170 неважечки ливчиња. 

Во Општина Градско во првиот круг најмногу гласови доби кандидатот на  СДСМ Роберт Бешовски  42%- 930 гласа пред Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ со 35,23% или 780 гласа а трет е независниот кандидат Глигур Коцев со 410 гласа – 18,52%. Во оваа општина од запишани 3.151 граѓани со право на глас излегле 2.214 што е 70,35%. Има 94 неважечки ливчиња. Во вториот круг одат Роберт Бешовски и  Жанета Чаушевска. 

Листата за советници во Општина Градско со најмногу гласови е на коалицијата на СДСМ со  898 гласа  - 40,56%, пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 781 глас – 35,28% а трет е листа на група избирачи предводена  од  Иванчо Иванов со 410 – 18,52%.  Има регистрирано 125 неважечки ливчиња.    

Во Општина Чашка во првиот круг за избор на градоначалник најмногу гласови доби  Горан Стојановски од СДСМ со 1.970 гласа – 49,29 или според партиските пресметки му недостигале 20 гласа за победа во првиот круг.  Горанчо Пановски кандидат на  Народното движење за Македонија   освои 970 гласа 24,27% а трет е  Зоран Здравевски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени  931 глас или 23,29%. Во вториот круг на  избори кои ќе се одржат ан 29 октомври одат  Горан Стојановски и Горанчо Пановски.    Во оваа општина од запишани 6.017  граѓани со право на глас излегле 3.997 што е 66,48 %. Има 126 неважечки ливчиња.

Во Општина Чашка на лисите за советници најмногу гласови доби коалицијата предводена од  СДСМ  1.374 гласа – 34,38% пред коалиција на  ВМРО-ДПМНЕ со  1.124 гласа – 28,12%. Потоа следи  група избирачи -  коалицијата ,,За подбраа иднина,, предводена од Фамих Бејлуров со  644 гласа – 16,11% и ДУИ со 604 гласа – 15,11% . Овде има регистрирано дури 251 неважечко ливче. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »