Петар Печков
Објавено: петок, 19 март 2021
Четвртокот околу пладне се случила незгода, која имала среќен крај по еден од учесниците. МВР во денешниот билтен со информација за настанот.
„На 18-ти март во 13.38 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот патен премин Велес -Згрополци- Велес се случила железничка незгода помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Згрополци -Велес и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(55) од село Кадино, скопско. Во незгодата нема повредени лица“ - информираа до МВР
Екипа на СВР Велес извршила увид на местото на настанот. За инцидент, кој мина без жртви и само со мала материјална штета, зборуваат сведоците.
Автомобилот со скопски регистарски таблички започна да минува на преминот, а од другата страна, од правец ан Дворови имаше возила. Докажувајќи се кои има предимство, времето минуваше, започна да ѕвони звучниот сигнал дека доаѓа воз, се спуштија рампите. Тогаш автомобилот кој беше на преминот се обиде да мине, но за несреќа не можеше да го стартува возилото. Некако успева и во последен момент замина од пругата. Товарниот воз мине, успеа да закочи но и да го закачи само со мал дел патничкиот автомобил“ - сведочеа за ТрМр лица кои биле присутни.
Tweet |