речник контакт

Монументално дело на Лазески во велешката касарна

Фреската ,,Сутјеска,, од 1971 се наоѓа во Спомен собата на гарнизонот на АРМ. Таа зедно со мозаикот на Мазев во Костурницта се културно богатство на Велес

Петар Печков

Заборавено и скриено од очите на јавноста, но одлично сочувано и згрижено, монументално дело на Лазески на 12,5 метри квадратни  са наоѓа во велешката касарна.  Не мало изненадување имаа гостите при неодамнешниот прием, при свечената заклетва на новата генерација војници на АРМ., кога на ѕидот видоа огромна фреска со мотиви на партизанска борба.  На свеченоста, која се одржа во Спомен собата од НОБ во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман, присутните, тие што ја познаваат ликовната уметност, не  можеа да веруваат дека на ѕидот од просторијата  се наоѓа големо дело  од прославениот македонски сликар Борко Лазески.   Тие пројавија интерес за фреската, која авторот ја  потпишал дека ја нацртал пред 41 година, во 1971-та. Именувана  е ,,Сутјеска,,

Фреската “Сутјеска”  е со мотив,  јуриш на борците партизани врз непријателот. При работата применета е посткубистичка градба на формите, со извесни експресионистички и футуристички  моменти. Фигурите  и формите се предадени со видлива упростеност, со здржан и претежно ладен колорит. Иако тоа е тематски ангажирано дело, се чувствува едно помодерно  преставување во ликовната форма на тема од НОВ. Ова  е значајно дело  од монументалното сликарство на Лазески - вели Елица Николова историчар на уметноста и виш кустос при Народниот музеј од Велес.

Таа случајно присуствуваше на настанот, но беше добредојдена да ги запознае заинтересираните гости за фреската и делото на Лазески.  Големината  на фреската ,,Сутјеска,, е пет на два и пол метри и тоа е одлично сочувана.

Многу важно  за градот, за велешани, за културата, е  што ја имаме оваа фреска ,,Сутјеска,,  која заедно со  мозаикот на Мазев во Спомен костурницата се единствени од овој тип во Велес и непроценливо богатство, тоа е монументални дела. Тие се гордоста на градот, аманет за идните поколенија. Но за жал поради карактерот на објектот, кој е воен,  каде е сместена фреската, ограничен е пристапот до неа за поголем број лица, ликовни и сликарски познавачи но и  за обичните граѓани – вели Николова.

Борка Лазески има значаен придонес во македонското сликарство,  со делата за кои неколку години се подготвувал во Париз. Таму изработил неколку мурали, а по враќањето во Македонија постепено, со извесен отпор кон ликовните решенија темелени на фигуративниот кубистички експресионизам, почнува да работи монументални сликарски остварувања.

Поголем дел од  неговото зачувано  дело е изработено во мозаик, додека дел од пораното монументалното  фреско сликарство, пред се работено во Скопје е уништено во Земјотресот од 1963 година. Во периодот на осумдесеттите години на минатиот век Лазески создал група на фрески со теми од НОВ, а прва во низата е фреската на создадена во Домот на АРМ, кој е во кругот на касарната во Велес.

И додека на сите документи стои дека е  нацртана 1972, авторот при создавањето на неговото дело се потпишал дека е нацртана една година порано 1971-та година.  Ова дело во Велес  спаѓа во врвот на неговите уметнички достигнувања.  Како стипендист на Француската влада престојувал во Париз каде го специјализирал фреско сликарството и мозаикот.

Негово најпознато дело е   ,, Фреската од НОБ,, која била нацртана на 225 метри квадратни на ѕид од Старата Железничка станица во Скопје, која за жал е уништена од катастрофалниот земјотрес.  Така сега со ова  дело во Велес, велешани можат да бидат горди што имаат такво големо ликовно наследство. За разлика од ,,Сутјеска,, кое  не е во музејска зграда, неговите други дела се достапни з јавноста. Две фрески се наоѓаат и во Музејот ,,НОВ за Западна Македонија,, во Кичево, а последната  изработена на Лазески е во родниот Прилеп   во Музејот   ,,11-ти Октомври,, 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »