Петар Печков
Објавено: вторник, 02 декември 2014
Во понеделникот вечерта извршен е грабеж во продавница во Велес. Според МВР настанот се случил околу 20,45 часот, на ул. „Тодор Јанев“ во близина на Детската градинка, во колонијалната продавница „Афродита“ сопственост на Г.Б.(51).
Непознат сторител со закана со пластичен пиштол и употреба на физичка сила, извршил разбојништво над вработената, при што од касата одзел 2.500 денари. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.
Tweet |