Петар Печков
Објавено: четврток, 05 декември 2013
Гинекологот Панче Арсов побарал ново судење во Основен суд Велес, за случајот смрт на родилката Игнова. Тој ова го темели на вештото мислење кое го добил од Медицинскиот факултет во Љубљана –Словенија.
Овој документ бил побаран од страна на лекарската комора на Македонија а во врска со случајот на родилката Бојанка Игнова, која почина на 3-ти јуни 2003-тата . За ова дело Панче Арсов на кому му е одземена лиценцата доктор доби и одлежа една година затвор. Тој смета дека со добиеното вешто мислење, се симнува вината од него.
Барам правдата да биде задоволена. Оваа експертиза од независна институција, покажува дека грешката е системска, на Болницата, не моја. Предоцна доаѓањето на докторот анестезиолог е една од констатациите, потоа дека докторот Арсов породувањето го водел согласно со стручната доктрина и со објективните можности во дадената ситуација. Навреме се решил да ја отстрани матка, но немал анестезиолог. Во текот на постапката не била направена стручна грешка со знаци на несовесно постапување. Ова го пишува во вештачењето. Затоа сега по толку време можам да кажам дека Судска медицина не е институција која да каже за било кој доктор дали тој работел протоколарно. Таа кажува за причината на смртта, но не и дали јас или било кој друг доктор работел протоколарно или не. Судска медицина во нивното вештачење пишува што требало јас да работам и преземам, да постапувам, за мојот третман и донесуваат заклучоци врз кои е донесена пресудата – изјави Панче Арсов, кој потсети дека судијата кој ја донесе оваа пресуда Валентин Зафиров и обвинителот Ивица Ефремов сега се осудени во случајот ,,Ликвидација,, .
Тој потенцира дека ова вештачење е донесен врз документација која тој располага од случајот и неа ја побарало Лекарската комора, не тој.
Во 2010-та Арсов беше осуден на една година затвор ,, за тешки дела против здравјето на луѓето,, со што стана првиот доктор во земјава кој е осуден поради смрт на пациент а подоцна поради ова ја загуби и лиценцата. Истата пресуда беше потврдена од Апелација, неговата жалба отфрлена од Врховен, по што Арсов замина на отслужување на казната затвор.
Обдукцијата на Бојанка Игнова покажала дека родилката починала поради искрварување и хеморагичен шок за што пациентката добивала солен раствор и била покривана со ќебиња.
Во наодот пишува дека ,,потценето е крварењето и подоцнежните напори тоа да се санира не вродиле со успех. Пропушетено е навреме да се оцени сериозноста на крварењето. Постои директна причина помеѓу доцнењето и неконтролираното крварење и развивањето на шоковата состојба,,.
Tweet |