Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 јули 2013
Овој викенд на патеката на Липтовски Миклуш Словачка се одржа Светското првенство во кајак на диви води за јуниори и младинци. На него учествуваа и македонските репрезентативци, петмина велешани кајакари во конкуренција на К-1.
Најдобар пласман имаше Игор Стефановски во конкуренција на јуниори беше 52-ри од 82-ца кајакари а Борче Мирчевски беше 56-ти. Кај младинците Димитар Велков беше 67, Александар Златаров 70 и Вили Јорданов 77-ми. Со ова тие не успеаја да влезат во полуфиналните возења.
Tweet |