Петар Печков
Објавено: сабота, 16 октомври 2010
Дарко Марковиќ е годинашниов добитник за афирмација на македонскиот стрип, кое му беше врачено на отворањето на ,,Меѓународниот салон на стрипот Велес 2010,,.
Пецко е нашиот Итар Пејо на 21- от век, кој никогаш партиски се нема определено, не ја искажал националната припадност иако со себе силно ја носи, го има во автобус, Болница, на стадион, урбан херој на Македонија – рече карикатуристот Миле Манчевски при доделувањето на наградата.
Благодарам на вниманието и наградата, за оваа пионерска работа која трае со години и децении. Се надевам дека стрипот ќе добие достоен простор во нашите весници, бидејќи така ќе може да добие популарност – изјави Дар- Мар при добивањето на наградата.
На отворањето на Стрип- салонот беа објавени и добитниците на наградите од меѓународниот стрип конкурс на кој учествуваа рекордни 122 автори од 32 земји од светот, од сите континенти, освен од Австралија.
Првата награда од 200 евра ја освоија Џеф Дајер текст и Владимир Кузманов цртеж од САД, втората им припадна на турците Ергун Гундуз цртеж и Мурат Михциоглу текст и третата награда им припадна на полско –руската авторска двојка Бартож Тибор за текст и Дру Каленко цртеж.
Меѓународниот стрип салон годинава се одржува финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество, Норвешката амбасада и Министерството за култура. На салонот се претставени и грчки автори, со нивна изложба на стрип дела.
Tweet |