Петар Печков
Објавено: петок, 17 мај 2013
Агенцијата за катастар на недвижности согласно доставената документација на подносителот Општина Чашка изврши запишување на промена во катастарот на недвижностите во КО Папрадиште. Истото е спроведено во постапка за легализација на дивоградби.
Запишувањето на промена во катастарот на недвижностите е извршено согласно член 128 став (1), член 129 став (3) и став (4) и член 130 од Законот за катастар на недвижности а врз основа на правосилно решение од 30.04.2013 година. Тоа е донесено од Општина Чашка и со него кое се врши легализација на Планинарски дом Чеплес. Имотот е запишан во Имотен лист број 50875 Катастарска Парцела 46 КО Папрадиште – изјавија од Агенцијата за катастар.
Планинарскиот дом ,,Чеплес,, досега не постоеше запишан како градба и немаше никаква документација за неговото постоење. Граден е во 50-тите години на минатиот век, започнал да работи од 1952 и со него управуваше и работеше Планинарското друштво ,,Солунска Глава ,, од Велес и Планинарската Федерација на Македонија. Тие заедно со нивните членови учествуваа во доградбата и одржувањето, каде средства вложи преку проект УНДП и Американската амбасада од Скопје. Домот продолжува да работи и е отворен за посетители.
Tweet |