Петар Печков
Објавено: среда, 04 септември 2013
Пожарот кој зафати стара исечена шума на Мелничка планина се прошири. Тој премина преку сртот и ја зафати шумата од страна на селото Согле.
Бидејќи теренот е лош и недостапен, повторно Дирекцијата за заштита и спасување ангажираше авиони канадери. Тие се обидуваат да го локализираат пожарот, кој на ова подрачје беснее шест дена. На терен се и вработени од Шумското стопанство Бабуна.
Според надлежните ова е најголемиот пожар летово во велешко.
Tweet |