Петар Печков
Објавено: петок, 28 септември 2012
СВР Велес ги осомничи лицата А.К.(48), Ј.Т.(42), Т.Т.(46), В.Н.(59) и Љ.К.(71), сите од Велес за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тие на 6-ти септември годинава, кај месноста викана „Чести Дрва“ во подножјето на ридот Гроот го предизвикале пожарот.
Оваа група соседи и пријатели, а Ј.Т и Т.Т браќа, се упатиле на лозјето сопственост на Љ.К. со цел да берат грозје. Околу пладне седнале да се одморат во близина на куќарката но од невнимание предизвикале пожар, кој се проширил и зафатил површина од околу 300 хектари. При тоа пожарот кој гореше два дена освен сува трева изгоре и лозја, овошни дрва и неколку помошни ѕидани објекти.
Tweet |