Петар Печков
Објавено: вторник, 10 ноември 2020
Од Велешката Болница информираа дека кај нив, на Инфективно одделение има починато двајца пациенти, позитивни на вкод-19.
Едниот пациент е жена на 68 години од Виничани, примена вчера попладне, претходниот ден во тешка состојба со ниска сатурација.
Утринава починал маж од Велес исто на 68 години примен пред 3 дена со нагло влошена состојба. Тоа се 41-ва и 42-ра жртва од последици на корона вирусот.
Tweet |