Петар Печков
Објавено: вторник, 13 септември 2016
Ниту една природна чешма во градот нема исправна вода за пиење. Ова го потврдуваат испитувањата кои ги вршат стручните служби од ЗУ Центар за Јавно здравје Велес. Последните податоци од месец јули се поразителни.
Бактериолошки неисправни води, каде е присутна ешерихија коли, се природните чешми кај црквата Св. Пантелејмон, на Градски стадион, ул. Вера Циривири бр.171, Петрова, Петрова чешма(црква), Горно Оризари, село Караслари(селска чешма), Црквино -чешма на па, долна чешма и чешма кај џамија, Св. Никола, Св. Ана, ул. Стојан Бурчевски Второ Кладенче, Пузево трло, ул .Орце Мартинов бр.45, Тодор Јанев на рид, ул.Љубљанска бр.41, бр.65 и бр.15 , Чука и нортон пумпите кај Превалец и Пашин мост, како и сите приватни бунари во градот.
Хемиски неисправни води, каде има минерали повеќе од дозволените граници се: Природна чешма – ул. Љубљанска бр.15, бр.65 , бр.48 о бр.41, Орце Мартинов, Пузево трло и Природна чешма Стадион. Бактериолошки исправни води се: Водата во манастирот Св. Димитрија и водата од водоводот во село Караслари.
Водата во чешмата во Башино село, каде се снабдуваат многумина велешани, според надлежните од ЈЗУ Центар за јавно здравје е со променлив квалитет. Во периодот кога е суша, водата е неисправна, но кога има поголем и редовен протек таа е исправна за пиење.
Tweet |