Петар Печков
Објавено: петок, 07 ноември 2014
Вчеравечер, четврток, во Градската библиотека Гоце Делчев,, беше промовиран зборникот ,,Велешки поетски пулсирања,, . Тој е издание на Клубот на писатели ,,Кочо Рацин,, од Велес, во кој се пишани поетските стихови на 27 поети од Велес.
Оваа книга, можеби изгледа мала, со црно-бели фотографии од авторите и ликовните илустрации содржински изготвени според песните, но кога ќе ја прочитате, ќе ве освои чувството на восхит од големината и силата на пораките, кои едноставно, пулсираат во духот на современата македонска поезија. Тука се собрани многу приказни од разни генерации, секоја убава и автентична на свој начин, а сите заедно, една прекрасна, емотивна, приказна, за смислата и значењето на неговото величество – животот, низ спомените, сегашноста и иднината – рече на промоцијата поетесата Соња Гаврилова.
Во создавањето на Зборникот, новото книжевно дело - подарок за литературната ризница на родниот Велес, учествуваа многумина. Во уредничкото патешествие од три месеци на тимот биле претседателот на Клубот- Игор Крајчев, амбициозната и полна со ентузијазам, Лиле Арсова и Соња Гаврилова како координатор, со повремена консултативна помош од поетесите Нада Алексоска и Павлина Климкар Меанџиева.
За издавањето и печатењето на Зборникот, финансиска поддршка Клубот добил од Македонците од дијаспората.
Tweet |