речник контакт

Рудаков победи на меѓународниот танц натпревар Танц Фест

Двете вечери се одржаа во Велес

Петар Печков

Германецот Антон Рудаков победи на меѓународниот танц натпревар, кој се одржа во рамките  на Танц фест. Тој настапи со кореографијата наловена  ,,Ако бев месечина,, а на музика од групата Пинк Флојд.

 Рудаков за ова ја доби наградата златна пеперутка за најдобар настап, додека сребрената за најдобар танчер ја доби  Фабијана Карчесио од Холандија за настапот во танцот  ,,Затоа што мораме,,  . Тие беа прогласени  за најдобри од страна на четиричленото меѓународно жири.

 Германецот Рудаков како победник доби можност на Танц  Фест  следната  година да одржи свое шоу. Во натпреварувачкиот дел учествуваа 11 натпреварувачи од повеќе земји: Израел, Холандија, Германија, Велика Британија, Полска, Унгарија, Македонија, Турција, Холандија.

Меѓународниот танц натпревар во две вечери се одржа во Велес, во зградата на Новиот театар.  На финалната вечер настапи и минатогодишниот победник  Валентино Апостоловски со ,,Амбивалентност,, во режија на Хана Миленковска.  Овој настан беше дел  од  Танц Фест  и двете вечери  се одржаа во Велес. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »