Петар Печков
Објавено: вторник, 19 јули 2011
На ден 16 и 17.07.2011год. во вечерните часови од страна на полициски службеници од Полициската станица Велес извршена е контрола во угостителски објекти.
Контролата се однесувала на присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24 часот, точење алкохол на пијани и малолетни лица, како и мерење на нивото на штетна бучава која произлегува од угостителските објекти.
При тоа, контролирани се поголем број угостителски објекти лоцирани на градското подрачје, при што во кабаре „Ноктурно“ констатиран е прекршок гласна музика.
Tweet |