Петар Печков
Објавено: недела, 08 ноември 2015
Секоја година, за Денот на Општината, Здружението на граѓани ,,Канаринец,, пред велешката јавност претставува дел од појните птици, кои нејзините членови ги чуваат. Така и г годинава, на нов простор, во ОУ Васил Главинов, можат да се видат 200 канаринки 50 папагали и десетина зеби и дијамантски гугутки.
Од година во година има се повеќе интерес за овие птици, но и совест на сограѓаните. Од годинава имаме и нов член на друштвото, првата жена. Имаме и дете трето одделение, кое изрази желба да биде наш член. Годинава и забележуваме повеќе посетители, во овој нов простор, што ен радува - изјави Стефан Шоптрајанов претседател на ЗГ Канаринец. Годинава изложбата нема натпреварувачки карактер.
Во холот на ОУ Васил Главинов се слушаше веселиот звук на канаринките и папагалите, се мешаа боите од бројните примероци на птици. Беше пријатно и весло. И бројни деца кои дојдоа да ги видат овие животни.
Решив да се бавам со одгледување на големи папагали. Имам еден до родот Александар. Љубител сум на птици, ќе продолжам и со тигриците. Имав тигрица и од него љубовта се прошири кон другите раси на птици - објаснува Кузманова.
Tweet |