речник контакт

Сепак само заборавност

Велешката полиција во шесмесечниот извештај за работа го нема регистрирано инцидентот во салата Блаже Конески од 11 мај поради пропуст

Петар Печков

 Пропуст е причината поради која инцидентот од 11 мај годинава, по  одбојкарскиот натпревар помеѓу Борец и Шкендија, го нема во полугодишниот извештај на полициската станица Велес. Вака одговори командирот на Полициската станица Александар Костов, за дилемата што се јави во јавноста дали е во прашање заборавност или нешто друго.

Тој потсети  дека инцидентот е сериозен, со поднесени три кривични пријави за напад врз полицаец, четири  кривични со новиот закон за насилство на спортски натпревари и четири прекршочни за нарушување на  јавен ред и мир. 

За потсетување по завршувањето на одбојкарската средба ( финалето  за титула) помеѓу Борец и Шкендија се случи инцидент кога домашните  навивачи фрлија 50 -тина пластични столици, дел од нив сакаа да влезат во теренот, нападнаа полицаец, па гостите од Велес си заминаа по 4 часа блокада во соблекувалните.

Овој инцидент го видоа и велешкиот градоначалник Горан Петров, претседавачот Славчо Чадиев и уште илјада други граѓани. Како резултат на тоа полицијата поднесе  повеќе прекшочни пријави против навивачите. Одбојкарскиот клуб Борец е казнет со 6 натпревари ( од 9 колку што треба да игра сезонава дома)  пред празни трибини.

Директорот на училиштето лут по демолирањето на салата најави дека нема да дозволи ниту еден клуб да игра првенствен натпревар во неа повеќе.  За обезбедување на гостинските одбојкари побарал помош и градоначалникот на Тетово Сади Беџети, кој беше во салата од тогашниот заменик министер за внатрешни работи Џеват Бучи ( тој што ги спасуваше уапсените злбански лица при инцидентот на Калето пролетва). Помош не можеле да добијат бидејќи ноќта во велешката полициска станциа немало доволно полицајци за интервенција, така информирале од СВР Велес.

Поради ова тетовските одбојкари беа заробени до еден по полноќ. Но по сите овие моменти, полицијата настанот не го смета за сериозен и вреден да влезе во полугодишниот извештај.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »