Петар Печков
Објавено: петок, 23 септември 2016
Со премиерата на ,,Антигона и Креонт,, недела вечер завршува натпреварувачкиот дел на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,. Работена е според делата на тројца автори Софокле, Жан Ануј и Миро Гавран, во режија на Нела Витошевиќ а во заедничка адаптација на режисерката со Ивана Нелковска.
Тоа е претстава на Театарот навигатор Цветко и Кино Култура. Темата е борбата на помеѓу отпорот и власта, прикажани преку индивидуалната борба за правда на младата Антигона, наспроти аристократското владеење на нејзиниот вујко Креонт.
Оваа наша приказна погледната од ова ново време , се соочуваат три различни Антигони со тројца различни Креонти. Секој со својата вистина, но со еден ист без временски проблем –апсолутната моќ на владетелот, наспроти слободата на поединецот – вели режисерката Витошевиќ.
Во претставата настапуваат Зоран Љутков, Симона Димковска, Благој Веселинов, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ и Наталија Теодосиева. Сценографијата е на Васил Христов а костимите на Роза Трајческа. Сабота вечер пак гостува театарот Сфумато од Софија, со претставата ,,Медеја мајка ми,, од Иван Добричев, кој е воедно и режисер заедно со Маргарита Младенова.
Со премиерата на ,Лесната, бесната и тесната,, понеделник вечер се затвора годишниот Фестивал на античка драма ,,Стоби,,. Тоа претстава која е работена по неколку македонски еротски приказни, во режија и драматизација на Дејан Дуковски кој ги пронашол во книга на Кирил Пенушлиски а своевремено ги запишал Марко Цепенков. Се работи за лесна и мобилна претстава, која ќе можат да ја следат гледачи со плус 16 години возраст.
Основното прашање врз кое се базира нашата претстава е дали ,,еросот,, е срамен? Во претставата обработувам теми, за кои се срамиме да зборуваме иако се присутни во фолклорот низ годините. Насловот е земен од една од приказните. Јазикот во претставата е послободен, специфичен и наменет за повозрасна публика. Тоа се македонски приказни со еротска содржина, прераскажувани низ годините и вековите - изјави режисерот Дамјановски, кој одамна имал идеја и посакувал да ја изработи оваа претстава.
Во неа настапуваат Соња Стамболџиоска, Александар Павлова, Емилија Мицковска, Фаик Мефаилоски и Мики Анчевски, додека дизајнот и костимографијата се на Катерина Чукниева.
Претставата е продукција на ФАД Стоби и за неколку дена ќе се игра во Лерин, на 28-ми септември, во рамките на меѓу граничниот проект ,,Дамите на езерото,,.
Пред почетокот на претставата, жирито ќе ги соопшти наградените и ќе бидат врачени наградите ,,Афродита,, за режија, машка и женска улога и претстава во целина од ФАД Стоби. Жирито во состав Атила Клинче, Дејан Дамјановски и Катерина Коцевска ќе ги избере најдобрите од седумте одиграни престави во натпреварувачка конкуренција од фестивалот.
Tweet |