речник контакт

Сообраќајка кај Градско, двајца моторџии повредени

Жената во тешка состојба е на Клинички во Скопје, моторџијата пуштен на домашно лекување

Петар Печков

Во неделата ноќта околу 22,30 часот на автопатот Велес – Гевгелија,  во близина на населбата Градско се случила сообраќајка помеѓу автомобил голф и мотор кавасаки  на кој биле брачен пар од Неготино, соопштија од МВР, при што тешко е повредена мотористката.

До сообраќајката дошло кога автомобил голф  управуван од Ш.Е. ( 37 год) од селото Водоврати му попречил движење на моторот кој со голема брзина се движел по автопатот и немал време да закочи или го избегне автомобилот. Поради силината на ударот сопатничката од моторот, П.О. (41 год) летнала во воздух  а при падот се здобила со сериозни повреди на главата. По ова таа била згрижена во велешката болница, по што  итно е префрлена во Клинички центар во Скопје во тешка  здравствена состојба. Нејзиниот сопруг пак кој управувал со моторот, откако минал една ноќ во болница е пуштен на домашно лекување.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »