Петар Печков
Објавено: четврток, 20 јануари 2011
Утрово во 7,50 часот на крстосницата Благој Ѓорев – Маршал Тито, кај Поштата дојдено е до сообраќајна незгода помеѓу патнички такси возило марка Шевролет Спарк со велешки регистерски ознаки управуван од А.Р. (19) од Велес кој возел кон Центарот, и патнички автомобил марка Опел Корса со штипски регистерски ознаки, управуван од И.З. (30) од Штип кој се упатил кон Бензиска Пумпа.
До незгодата е дојдено кога возачот на Шевролет Спарк од засега непознати причини, поминал со возилото на левата коловозна лента и директно удрил во патничкиот автомобил Опел корса кој доаѓал од спротивниот правец. По незгодата во Медицински центар Велес на преглед се јавиле четири лица.
Во незгодата, причинета е поголема материјална штета на двете возила. Оваа сообраќајка која се случи на најфрекфентната улица во градот, беше причина тој д се одвива со потешкотии до 10 часот, кога сообраќајот беше нормализиран.Тоа предизвика големи колони автомобили, нервозни возачи и доцнење на работа.
Секторот за внатрешни работи Велес изврши увид на лице место. По добиените анализи од извршениот увид на лице место, дополнително ќе бидат утврдени причините за настанатата сообраќајна незгода.
Tweet |