речник контакт

Срѓан Николиќ прво награден на стрип конкурсот во Велес

,,Снегот на Антарктикот,, е стрип за војната база на нацистите на Јужниот пол.На меѓународниот конкурс стигнаа 254 труда од исто толку автори од сите континенти.

Петар Печков

Срѓан Николиќ Пека е   добитник на  наградата за најдобар стрип на 14-тиот Меѓународен стрип салон, кој викендов се одржува во Велес.  Тој оваа награда плакета и паричен износ од 200 евра, кои ги доделува Министерството за култура, ги доби на отворањето на манифестацијата.  Николиќ ја доби наградата за стрипот ,,Снегот  на Антарктикот,,. 

Иако можеби изгледа дека стрипот е таинствен, тој е работен по висински историски настан. Тоа е за  тајна воена база, која нацистите ја имале на Антарктикот. Тие таму создале такво оружје, што сојузниците го немале иако ја добија војната. Таа работела до 1963-т година. јас се потпирам на вистински историски приказни,    оти историјата и стрипот се брат и сестра – рече добитникот Николиќ.

Тој е автор на неколку стрип изданија, кои се продадени во 20-тина држави во светот. Неговиот  стрип ,,Снегот на Антарктикот,,  е  веќе откупен во повеќе земји  и во Македонија,  се очекува наредната година  да биде објавен и кај нас.  

На меѓународниот конкурс стигнаа 254 труда од исто толку автори од сите континенти. Стрипови стигнале од Уругвај,  Бразил, Кина, Австралија, Иран, САД, Канада, државите од соседството, Балканот и Европа.  Втората награда отиде за Навид Булбулија(Би Х) за стрипот „Колекционер,, и Французите Лорен  Сирак и Николас Јерџак за стрипот ,,Средби,,   а третото место го  поделија  Ненад Пејчиќ и Игор Крстиќ(двајцата од Србија) за стрипот „Баку“ и Наташа Коњевиќ (БиХ) и Александар Стеванов (Македонија) за стрипот “Сламерленд,,.

Организатор на 14-тиот Стрип салон е Стрип центарот на Македонија, од Велес.  Беше доделено и признание за афирмација на стрипот во Македонија а него го доби  велешанецот Томче Трајков.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »