речник контакт

Стотина велешани останаа и без социјална помош

Тие се револтирани што ни скромните илјада или две илјади денари нема да ги добиваат

Петар Печков

Поштарите оваа седмица донесоа лоша абер за дел од велешките семејства, од најранливите категории. Корисниците на  социјала помош   останаа и без тие малку пари што ги добиваа секој месец. Некој по 1.200 други по две илјади денари.  Сега се и без тие оскудни средства.  ДО ТРМР се обратија   десетина сограѓани за  кои со сигурност  може да се потврди дека се во очајна состојба. Еден до нив е Горан Марковиќ, кој живее подолго време без струја и вода, откако тие му се исклучени поради неплаќање. 

 Редовно се пријавува на шест месеци, еве во картончето се ми е пишано. Не сум промашил ни ден ниту месец.  Сега ќе помагаат сестрите, нема друга. Ова е лош потег, не знам што направија ама лошо по нас  социјалците - вели Горан.    

 Иста судбина го снајде и Левент Усеинов, кој сам одгледува четири малолетни деца, едното е со посебни потреби а сопругата му е одамна почината.

Куќата ми е растурена, во очајна состојба е. Се храниме од Народната кујна, сам маж расте четири деца. И сега без овие пари, каде  да одам. Знам дека редовно се пријавува, немам никаква грешка. Ова  што  ме снајде е  катастрофа. Сега сум  очаен - вели Левент. 

Меѓу лицата, за кој се зборува дека се околу 300  од градот, на кои им е скратена помошта е и некогашен зависник од  наркотични средства. Сакаше да остане анонимен, но  и тој реагира.   

Имам Хепатит Ц, секој ден сум на терапија на метадон а и овие  ситни пари ми ги скратија. Бев во Социјалното, препраќаат во Бирото, од таму бил проблемот.  Сум бил пасивен  барател. Ами кога се регистриравме никој не го посочи дека  ова може да биде проблем, дали ќе се пријавувам на шест или секој месец. Тогаш ни викаа пиши  како сакаш, се исто е  а излезе дека  не е  - вели момчето.

Сите тројца соговорници тврдат дека не се бавеле со собирање  и продажба на пластика во отпад.   Од Меѓу општинскиот Центар за социјални работи потврдуваат дека се поделени  решенија  за престанок на примање парична помош и информираа дека имало 200 вакви случаи во  Велес.

 Повеќето од 1,700 корисници минатата година биле информирани, преку СМС, лично или по пошта да одат во  Агенцијата да се пререгистрираат како активни баратели.   Тие успеале да ја завршат оваа обврска,  но овие 200 не, поради што се избришани од евиденцијата.  

 Многу ни е жал нас како институција, но проблемот не е до нас. Овие лица се пријавувале во Агенцијата како пасивни баратели на работа или  пак некои го промашиле денот за пријавување. Сите нив  ги упатуваме да одат таму, и ги регулираат како што треба  документите - велат од Меѓу општинскиот центар за социјални работи во Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »