Петар Печков
Објавено: среда, 26 септември 2012
СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Ш.М. (5 5 год ) од Тетово, поради основи за сомнение дека во периодот од 24.07 до 07.08.2012 година на градскиот пазар во Велес сторил четири кривични дела „кражба“ .
По серија регистрирани кривични дела „џепни кражби“ , од страна на полициски службеници на 10 Август фатен е во обид за кражба и приведен тетовчанецот Ш.М.. Извршено е препознавање од страна на четирите оштетени граѓани, од кои во наведениот период успеал да одземе вкупно 30 илјади денари. Тие го препознале сторителот.
Џепарошот го користел невниманието на оштетените и додека истите пазареле, им ги одземал парите од задните џебови од пантолоните и од не затворени чанти или ги одземал паричниците во кои имало пари и лични документи. Во еден наврат, истиот бил забележан од оштетениот кој веднаш почнал да вика по него да застане, но пријавениот избегал и се оддалечил во непознат правец.
Ш.С. претходно е пријавуван за кривични дела против имотот, најчесто за џепни кражби.
Tweet |