Петар Печков
Објавено: четврток, 19 ноември 2015
Утрово во 8:20 товарен воз исклизна од шините кај Демир Капија. По седум засовен застој, сообраќајот е нормализиран околу 15,20 ч. Нема повредени и причинета е материјална штета. Оштетена е свртницата, колосеците, сигналите и вагоните. Товарниот воз сообраќал на релацијата Гевгелија-Скопје
При влез во железничка станица Демир Капија изутрина товарен воз се лизнал на свртницата при што таа е оштетена. Оштетени се и дел од колосеците, сигналите и вагоните. Возот бил товарен со слабови на Железарницата Скопје, изјави Невзат Мамути, портпарот на МЖ Инфраструктура.
Во прекин 7 часа беше железничкиот сообраќај. Комисијата за увид и расчистување на настанот е на терен и ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата.
Попладнево целосно е нормализиран патничкиот и товарниот железнички сообраќај во делот кај Демир Капија на Коридорот 10. Прв тргна возот чиј вагон беше излизган, соопшти Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура.
Tweet |