речник контакт

Ученичката Калешова со чешка ликовна награда

Амбасадорот на Чешка Мирослав Рамеж на наградената ученичка Симона и денес го врачи признанието

Петар Печков

На меѓународниот ликовен конкурс „Лидице 2015“ во организација на Република Чешка,  ученичката Симона Калешова од велешкото  ОУ „Благој Кирков” освои награда за нејзиниот труд.

Таа во конкуренција од 229 трудови на 22  учесници од Македонија, единствена  доби признание за нејзиниот цртеж. На овој ликовен конкурс учествуваа   ученици од 70 држави од светот на возраст од 5 до 16 години. Темата беше    ,,светло,, .

Лично Амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија Мирослав Рамеж на наградената ученичка и го врачи

признанието, при денешниот престој во Велес.  Ментор на Калешова беше наставникот по ликовно образование Живко Пренџов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »