Петар Печков
Објавено: среда, 29 мај 2013
Во финалето од регионалниот куп систем за регионот Југ, на Градски во Велес се сретнаа екипата на Борец и Илинден од Башино Село. Победи Борец со 3:1 со што се квалификува да игра меѓу 32-те екипи од завршница на Купот на Македонија. Вообичаено на почетокот од август во 16 финалето, кога се игра првото елиминациско коло, Борец како домаќин ќе игра со некоја од прволигашките екипи на мак – фудбалот.
Во Пробиштип пак се одигра плеј оф натпреварот во футсал лигата, за опстанок во Првата лига. Се сретнаа екипите на Велес и Хедис од Прилеп, второ пласирана од Втората лига. На овој натпревар победи екипата на Велес со резултат од 6:4, со што велешани и следната сезона ќе играат меѓу најквалитетните 8 екипи.
Tweet |