речник контакт

Фудбалскиот селекторот Ѓуровски во Велес

Тој одржа јавен час за младите фудбалери и тренерите од Велес

Петар Печков

Фудбалскиот селектор Бошко Ѓуровски престојуваше во Велес, заедно со претседателот ан ФФМ Илчо Георгиевски и координаторот на младинските селекции Зоран Стратев.  Ѓуровски со фудбалерите на ФК Борец за нив и  тренерите од клубовите од градот и регионот,  одржа јавен тренинг, на помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк. 

За развој на фудбалот во земјава потребна  е  засилена работа со младите категории. За тие да напредуваат потребно е да се направи добра инфраструктура, помошни терени и опрема но и финансирање. Потребна е опрема  и помагала но и да се вложува во спортот. Фудбалерите играат на многу лоши терени. Кога тоа ќе им го овозможиме јас не се сомневам дека ќе направиме играчи како што имавме и порано – рече селекторот Бошко Ѓуровски некогашен голем фудбалски ас.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »