Петар Печков
Објавено: недела, 05 ноември 2017
По повод Денот на Општината 9-ти ноември, во Ликовниот салон се одржа крводарителска акција. Неа ја организираше мото клубот ,,Носачи на крстот,, од Велес.
За седум часа, додека таа траеше се одѕваа 112 крводарители, кои ја подадоа раката и беа собрани исто толку крвни единици. Оваа година акцијата се одржа по десетти јубилеен пат.
Минатата година беа собрани 120 крвни единици.
Tweet |