речник контакт

12 септември Светски ден на Првата помош

Овогодинешното мото на Светскиoт ден на Првата помош е “ Првата помош и старите лица ”

Петар Печков

По повод Светскиот ден 12 септември  на првата помош  Општинскaта  организација  на Црвениот  крстг до Велес роганизраше отворен ден.  Во просториите на Здружението на пензионери - Велес се организираше предавање за Прва помош кое го изведе д-р Јадранка Мишкова.  На плоштадот Сармаале Клубот на млади при ООЦК Велес , организираше  пункт на кој  се анкетираат граѓани за познавања од првата помош, се делеа флаери  за првата помош. Тимот за прва помош зедно со д-р Кевица Клифова   имаа демонстрација на повреди и укажување на прва помош. Овогодинешното мото на Светскито ден на Првата помош  е “ Првата помош и старите лица ”. 

Идејата е да се изгради позитивен имиџ за процесот на стареење и препознавање на старите лица како важен ресурс за општеството. Истовременно, сакаме да ги охрабриме старите лица за поголема вклученост во општествениот живот, зајакнување на нивната отпорност и капацитет за да бидат самостојни. И старите лица можат да бидат херои и да им помагаат на нивните врсници, внуци или сите останати на најразлични начини -  потсетуваат од Општинскиот Црвен крст на Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »