Петар Печков
Објавено: сабота, 12 септември 2015
По повод Светскиот ден 12 септември на првата помош Општинскaта организација на Црвениот крстг до Велес роганизраше отворен ден. Во просториите на Здружението на пензионери - Велес се организираше предавање за Прва помош кое го изведе д-р Јадранка Мишкова. На плоштадот Сармаале Клубот на млади при ООЦК Велес , организираше пункт на кој се анкетираат граѓани за познавања од првата помош, се делеа флаери за првата помош. Тимот за прва помош зедно со д-р Кевица Клифова имаа демонстрација на повреди и укажување на прва помош. Овогодинешното мото на Светскито ден на Првата помош е “ Првата помош и старите лица ”.
Идејата е да се изгради позитивен имиџ за процесот на стареење и препознавање на старите лица како важен ресурс за општеството. Истовременно, сакаме да ги охрабриме старите лица за поголема вклученост во општествениот живот, зајакнување на нивната отпорност и капацитет за да бидат самостојни. И старите лица можат да бидат херои и да им помагаат на нивните врсници, внуци или сите останати на најразлични начини - потсетуваат од Општинскиот Црвен крст на Велес.
Tweet |