речник контакт

161 крвна единица собрани на големата летна крводарителска акција

Првиот ден собрани 74 а вториот 87 крвни единици. Од дарителите 126 биле мажи и 33 жена а 11 лица дарувале за прв пат

Петар Печков

Сто шеесет и една крвна единица се собрани, двата дена во големата летна крводарителска акација, одржана во Велес. Првиот ден беа собрани 74 а вториот  87. Од вкупниот број 128 се мажи а 33 жени, додека 11 лица за прв пат даруваа крв.  Годинава за една третина собрани се повеќе од акцијата во минатата година, кога имаше 121 крводарување.

Оваа бројка е за голема почит и благодарност до сите крводарители кои се одѕваа на акцијата и изјави Орце Николов секретар на Општинскиот Црвен крст за Велес, организатор на акцијата заедно со  Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Крводарителската акција се одржа во просториите на  и Театар Џинот.

Во 2010-тата беа собрани рекордни 383 крвни единици. Во 2011-та 363,  2012-та 346, во 2013 -308,  2014-та - 296, 2015-та - 207, во 2016 -198 и во 2017 - 213 крвни единици. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »