речник контакт

18 пакети од Црвениот крст за стари и изнемоштени лица

Жители на село С`лп реагираат заборавени сме. Велес од вечерва во жолто ниво, се најавуваат мошне ниски температури. И натаму отсечени Рудник, Лугинци, Ветерско и Џидимирци

Петар Печков

Општинскиот Црвен крст овие два дена поделил 18 пакети со храна   за стари и изнемоштени лица. 15 биле во Велес и три  во селото Ветерско.  Сите биле за стари лица кои живеат сами. 

Пакетите ги  поделивме по реакции на соседи дека таму  има старци кои живеат сами. Повеќето се изнемоштени и не можат  да  излезат до дома. Имавме и барање за помош во село Ветерско и таму за исто така три стари лица, го испративме преку нивен близок.   Апелираме до соседи кои знаат за вакви случаи нека се  јават ние ќе помогнеме - изјави Миле Маџаров од ОО на Црвен крст Велес.    

Тој објасни дека повеќе не го работат проектот за домашна посета и грижа за стари лица и не знаат кому се му треба ваква помош. Ова откако бабата Милка, која исто така беше посетувана од Младите волонтери на Црен крст,  беше пронајдена и спасена  од измрзнување.  

 Од селото С`лп реагираат дека се заборавени, патот е завена а за да стигнат до Велес мораат да одат до железничка Рајко.

  Отсечени сме до светот. Во селото има 30-тина души, еден старец од 90 години, тој е  сам. Не можеме да си помогнеме, потребна е храна и лекови – изјави  жителка на селото во телефонски разговор.   Таа го испратила синот со пладневниот воз за Велес да се пробие и купи за јадење и се надева дека до вечер ќе се врати. 

Патронажата   служба при ЈЗУ Медицински центар Велес е таа која треба да им помогне  на старите и изнемоштени лица.

 Оваа служба заедно со екипи на Црвен крст и локалната самоуправа име обврска да ги   посетува осамените и стари лица.  Заеднички да им обезбеди лекови, храна,  вода и се што е неопходно. Дали е в о град или во села и во соседните општини Градско и Чашка. На располагање имаме две лади ниви – рече директорката  на ЈЗУ Здравствен дом Татјана Самаракова.     

 Од вечерва, среда Велес ќе биде  зафатен  од екстремно ниски температури и ќе биде во жолта фаза. Поради ова  се одржа вонреден состанок на Кризниот штаб на Општина Велес и се донесени  мерки, за заштита пред се на  старите и изнемоштени лица. 

Примена на поактивен пристап наменет кон старите осамени лица и социјално изолираните лица и кон бездомниците, преку домашни посети со помош на активисти на Црвениот крст и вклучување на локалната самоуправа и на центрите за социјални грижи, согласно со планираното во подготвителната фаза. Вонреден состанок на Кризниот штаб на Општина Велес. Помош на ранливите групи (стари и осамени лица) при обезбедување огрев, храна, лекови – се дел од мерките. 

И натаму   се  отсечени  селата   Рудник, Лугинци, Ветерско и Џидимирци,  кои се наоѓаат на север во општина  Велес. Таму живеат  стотина жители начесто стари и изнемоштени лица.   До овие села водат земјен неасфалтиран пат, што го отежнувало чистењето од наноси.   Денес бил исчистен патот до село Сопот и село Р`левци. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »