речник контакт

33 реакции за работата на велешките судии

Најчеста реакција се одлуките по постапката, иако Совет за утврдување на факти не е надлежен за нив

Петар Печков

До Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, минатата година биле поднесени 33 иницијативи  кои се однесуваат  за  судии од Основен суд Велес.  

Ова се бројките кои ги соопшти   новоформираното тело, кое започна со работа минатата година. За 10 месеци  лани  тие добиле 923 иницијатива за сите судови во земјава а решиле 841.

Најголем број на иницијативи се однесувале на работењето на судии во Основен суд Скопје 2 Скопје, вкупно 135 поднесени, па Основен суд Скопје 1 со 62,  Основен суд Битола 41, Основен суд Тетово 35 па Основен суд Гостивар со 34 по што е Основен суд Велес со 33. 

Како овластени лица кои можат да поднесат претставка и поплака  иницијатива до Советот за работата на судиите или претседателите на судови, за одолжување на судските постапки се сите граѓани, правните лица, претседателите на судови, но Советот работи и по допрен глас или други добиени сознанија за работата на судиите или претседателите на судови.  

Неинформираноста за работа на ова тело и неговите ингеренции резултира со поплаки кои завршуваат со отфрлање. Најчеста причина која е наведена во иницијативата е незадоволството од работата на судот и/или судијата, а тоа особено се однесува на крајниот исход на постапката, односно од судската одлука. Затоа и голем број на инициjaтиви се отфрлени, бидејќи подносителот се жали на судската одлука на која единствено може да се поднесе жалба до непосредно повисокиот суд. Во тој дел, Советот нема надлежност.

Крајно лани од сите пристигнати иницијативи, три Советот одлучил да ги  упати до  Судскиот совет кој ќе постапува по нив, 6 отфрлил а десет останале  активни за работа за оваа година.

Во годишниот извештај не се прецизира  за кои судови се трите инцијатива кои ќе решава Судскиот совет, но според одредени медиуми, тие предмети не се за Основен суд Велес, туку со други судови во земјава.  

Ново избраниот претседател нa Врховен суд, Јово Вангеловски, пред некој ден изјави дека од новата власт ќе побaра овој Совет да престане да работи. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »