Петар Печков
Објавено: петок, 13 декември 2013
По повод 35 години од постоењето велешкото КУД Коле Неделковски го одржа јубилејниот концерт во преполната сала Бели Мугри. Со повеќе од две илјади досегашни членови, 2,5 илјади концерти ширум Европа, Африка и Азија тоа е едно од обележјата на културното живеење на Велес и велешани, амбасадор на фолклорот низ светот.
За јубилејот прв пат беше изведена кореографијата на орото ,,Копачија,, кое потекнува од кичевскиот крај изработено од Стојче каранфилов од Танец
Ова е голем ден за нашето друштво, три и пол децении од формирањето, работа, настапи, концерти. За сите овие години создаваме љубов на младите генерации кон етно мелосот и на ја чуваме традицијата. – изјави Томе Божиков претседател на КУД Коле Неделковски, кој 17 години е на чело на ансамблот.
На овој концерт настапија активните членови, младите категории, ветераните кои некогаш настапувале. Гости на концертот им беа групата Соната, кларинетистот Благој Ламјов, неговиот татко пејачот на изворни песни Трајче Ламјов, Лазе гајдаџијата, Симе на кемане, пеачката група на Средното училиште Коле Неделковски. Во ова училиште и друштвото работи, вежба , таму се просториите каде е неговиот дом.
Беа доделени и благодарници на сите што досега дела свој придонес во работата на КУД Коле Неделковски. Во друштвото моментално има170 члена во мала група- почетници, средна и голема група, фолклорна секција каде има инструменталисти на гајда, кавал, кемане.
Своевремено тука започнала да работи и групата Анабела, која сега настапува самостојно. За сите овие години постоење тие добиел бројни награди и признанија, за ширење на македонската музика и игра низ светот.
Tweet |