Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јуни 2022
Во текот на вчерашниот ден, среда, по патиштата во велешко биле контролирано возачите, дали и колку ги почитуваат пропишаните брзини за возење.
„На 29-ти јуни на територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 44 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното“- соопштија од СВР Велес
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Tweet |