речник контакт

45 дена рок за изработка на план за рестарт на Киро Ќучук

Иако прилепската фирма Микронтеч работи со загуба, има само шестмина вработени, доверителите едногласно и дадоа шанса да направи план за рестарт

Петар Печков

Месец и половина  дена рок доби потенцијалниот санатор прилепски Миктронтеч да изготви план за реорганизација  на велешки Киро Ќучук.   Тој на вчерашното собрание на доверители ја достави иницијативата во која пишува дека е подготвен да го рестартира некогашниот индустриски џин за производство на тули и цигли, најголем во земјава.

 Тој понуди дека ако му се  даде грејс  период од една година, ќе ангажира 200  вработени, ќе вложи 300 илјади евра и  ќе ги исплати сите доверители со 100 отсто од побарувањата, без камати во период од 2015 до 2019 година. Ваквата понуда стечајниот управник Ацо Петров ја оцени како  ,,оптимистичка и амбициозна,,. Помалите доверители искажаа сомнеж за успешноста  и бонитетот на прилепската фирма.

Се работи за фирма која не може да ги реши сопствените проблеми а не да  помогне на рестарт на друг, но поголем капацитет.  Микронтеч во последните три години бележи се послаби резултати во работењето. Во 2010-та имаше добивка од  1,8 милиони денари а лани покажа загуба од 2,3 милиони. Пред три години вработуваше 68 лица, лани само  шест. Годинава тројцата вработени немаат земено плата од февруари. Ете тоа е бонитетот на Микронтеч. Згора на тоа бараат државата поточно  УЈП и Фондот на ПИОМ да се откажат од 125 милиони денари, во состојба кога УЈП секојдневно затвора дуќанчиња за грешка од  50  евра – рече Љупчо Јордановски сопственик на фирмата Б и Ј од Прилеп, доверител во стечајната постапка. 

Незадоволство од инцијативата на прилепската фирма која изработува на хартија  електромотори, генератори и трансформатори  искажа и најголемиот развлачен доверител НЛБ Тутунска Банка. Таа како хипотекарен долг ги има во сопственост повеќето објекти на АД Киро Ќучук.

Несериозно е  потенцијалниот  санатор да не се јави во овој период, да дојде и разговара.  Да ги каже неговите планови и намери. И најважно нема гаранција. Во идниот план за реорганизација бараме да биде пишана и сериозна банкарска гаранција – изјави Соња Гелевска Трајковска  претставникот на НЛБ Тутунска Банка. 

Сличен став имаше и поранешната директорка на Киро Ќучук  Јадранка Спасевска, за која е неразбирливо да се јави некој кој  во овој изминат период нема влезено во кругот на фабриката да види каква  е состојбата со опремата, да не разговара со најголемите доверители, ниту со стечајниот судија. За неа инвестицијата од 300 илјади евра и вработување на 200 вработени се несериозни. По обраќањето на претставникот на државата во стечајот на Киро Ќучук, работите се променија.

Ја поздравувам желбата  и инцијативата на прилепски Микронтеч да го земе Киро Ќучук. Сметам дека треба да му се даде шанса и во наредниот период треба да изработи план за реорганизација. По ова би се изјасниле дали ќе му се даде фабриката – рече Борче Пинев државен  правобранител за подрачјето на Велес.

По ова сите доверители едногласно решија Микронеч да добие рок до 45 дена да го изработи планот, по што на следната седница на Собранието на доверители ќе се донесе одлука за судбината на Киро Ќучук. Ќе му се даде нему или ќе се продава на тендер.  Тој во стечајот  има имот од  3,5 милиони евра долг кон доверителите од 10 милиони  евра.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »