речник контакт

60 деца од Велес се наоѓаат на здравствена рехабилитација во Крушево

Заминувањето се организираше преку Министерството за животна средина, во минута до 12 и за само неколку часа

Петар Печков

Околу 150 деца од неколку општини од Македонија оваа седмица се на здравствена рехабилитација, годинава во Крушево.  Во последен момент, на крајот од август Министерството за животна средина,  13-та година по ред  ја реализираше програмата, поради што наместо 200 на рехабилитација се  наоѓаат  50 деца помалку, отсуствуваат тие од Осломеј – Кичево.  

Откако сите 12 години претходно децата заминуваа за Пелистер, одморалиштето годинава не работи, па преку тендер кој беше распишан на почетокот  во август, се бараше  ново сместување.  Министерството се одлучи за Бегов дол во Крушево, поранешна Шула Мина. 

Во Крушево се 60 деца од  Велес, 50 од Тетово и по 32 од Возарци –Кавадарци и Миладиновци Илинден.  Децата доаѓаат од загадени животни средини, и докажано е дека ваквата пракса им помага на нивното здравје и тие помалку заболуваат во зима.  Времето го исполнуваме во дружење,  забава. Природата и условите  се одлични за престој така што целта, здравствена рехабилитација на заболените деца е исполнета – изјавија од  Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес, преку кого се организира ова активност.

 Децата кои престојуваат во Крушево  а  се ученици, за двата училишни дена од почетокот на училишната година , се ослободени од настава.  Родителите пак реагираа што пријавувањето на децата за здравствената рехабилитација  беше во термин од десетина часа, минатиот петок  од 10 до 20ч. во кој период требало да се извади здравствена белешка и да се платат илјада денари за престојот.

Некои поради ова не дознале, па нивните деца, покрај потребата и желбата не заминале за Крушево. Рехабилитацијата завршува в недела.   Причината поради која на групата им се приклучија   за прв пат деца од Тетово е поради загадениот воздух од ’Југохром‘.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »