речник контакт

66 години подоцна, случај 53 стрелани велешани

Споменикот и натаму искршен, државата нема за случајот на 53-цата стрелани велешани, во зимата 1945 година. Истовремено борците му оддадоа почит на народниот херој Благој Страчковски за кого велат бил убиен откако бил поткажан од некои од стреланите

Петар Печков

Три години спомен обележјето подигнато од блиските на 53-цата стрелани велешани, стои искршено и уништено на градските гробишта во црквата Св. Спас.  Исто како што ни по 66 години од стрелањето нема ништо ново  за  ,,велешкиот случај,,  кога овие лица кои сурово беа погубени ноќта помеѓу 14ти и 15-ти јануари 1945-татга година. На споменикот ретко кој доаѓа и го посетува заборавено од државата но и  од најблиските.

Имаше големи ветувања за да се расчисти тажната и темна страница од историјата,  од зимата 1945-тата година. Нас не ни треба рехабилитација, за тоа да се случи некој треба да биде осуден. Овде е извршена смртна казна со токмаци а без пресуда. Ниту споменикот нема сила локалната власт која вети дека ќе го обнови, тоа да го стори. И по толку години трчање,  масакрот останува без правна разрешница – вели Борис Поп Ѓорчев, син на д-р Богдан Поп Ѓорчев кој е стрелна од ОЗНА критичната ноќ, откако висок српски воен офицер ги нашол сите нив во велешкиот затвор, заради сомнение дека соработувале со бугарскиот окупатор.

Споменикот на 53-цата убиени велешани во 1945-тата година, кој се наоѓа на гробиштата во црквата Св.Спас во Велес и е подигнат од нивните блиски во 2002-тата година а беше искршен на парчиња пролетта 2008-та година. Од општина Велес, која вети дека ќе го обнови, објаснуваат дека досега за овие три години никој не се јавил  од страна на семејствата со официјално барање за идејно решение или за финансиска поддршка при изградбата на споменикот.

Од СВР Велес пак велат истрагата е отворена и натаму продолжува, извршено е вештачење за тоа како е можно да се скрши споменикот и дека тие и натаму го бараат можниот сторител на инцидентот. 53-цата велешани се погребани во оваа заедничка гробница а според нивните блиски тие се убиени ноќта помеѓу 14-ти и 15-ти јануари 1945 година за нивната пресуда да биде напишана на 18-ти јануари. Историчарите се убедени дека пресудата е антидатирана, изменет е датумот,  иако е веќе извршена.

Врховниот суд на Македонија ваквото барање за заштита на законитоста од страна на блиските на  убиените  го одбил, бидејќи немал релевантни докази дека е така. Ова е прв и единствен случај  на откриена масовна гробница во Македонија, дело на тогашната комунистичка власт. Продолжувачите на боречката традиција пак ден претходно, пред неговиот споменик му оддадоа почит на народниот херој Благоја Страчковски, за кој велат бил предаден на бугарскиот окупатор токму од неколкумина лица од стреланите, за потоа ѕверски да биде убиен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »