речник контакт

70 години Црвен крст, признанија за најхуманите велешки крводарители

Велес втор по крводарување, после Виница. Честитки за хуманите

Петар Печков

За Меѓународниот ден на Црвениот крст 17 март, како и по повод 70 години од работата на Македонскиот Црвен крст,  беа доделени признанија за крводарителството на повеќекратните доброволни дарувачи.   Во знак на благодарност за дадената рака и покажаната хуманост  дел од крводарителите добија  признанија.

 За 100 дарувања добија:  Ресул Алиов, Зоран Атанасовски,   Васил Горанцалиев,  Круме Димов,  Лефтер Николов и Славчо Шамбилов.

За  75 пати благодарници добија:  Живко Вељановски, Ацо Дамчевски,  Жарко Далевски, Ѕвонко Петрушевски, Предраг Саздов и Петре Жаров.

За 50 пати дарувана крв  признание добија: Венцислав Андоновски, Златко Атанасов,  Дејан Димитриевски,  Сеад Балтиќ,  Кире Николовски,  Зоран Нешов,  Миле Пасковски, Томе Пљоков,  Марјан Самарџиев, Виктор Филиповски и Тони Филиповски.  

 Доделуваме благодарници за најхуманите,  кои дел од својот живот посветиле на некој друг. Има потреба тоа јавно да се каже, тие не го работат за пофалница туку  затоа што се хумани. На овој начин им се заблагодаруваме, на  ден на крводарителството.  - рече д-р Милчо Трајков претседател на македонскиот и велешкиот Црвен крст.

  Тој е посебно горд што има хумани луѓе, посебно помеѓу младите.   Од 189 национални друштва,  тие први наесен  ќе добијат меѓународен сертификат, што зборува за напорот за исполнување на мисијата на Црвениот крст 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »